Курдите тргнаа во офанзива против ИСИС: битката за Синџар

0
379

Курдските сили, поддржани со воздушни напади од коалицијата, почнаа офанзива за враќање на ирачкиот град Синџар од канџите на ИСИС.

Враќањето на Синџар е еден голем чекор кон поделбата на „калифатот“ за кој ИСИС тврди дека го формира во целиот регион.

Артеријата што поминува низ градот го поврзува ирачки Мосул – скапоцената сопственост на ИСИС – со градовите што ги држи во Сирија.

Но патот исто така претставува рута за снабдување на 1,5 милиони луѓе што сè уште живеат во Мосул, каде што цените растат, а активистите јавуваат дека владее глад.

„Не е важно само да се освои градот Синџар како морална победа, туку можноста да се добијат рутите на снабдување… е екстремно клучна за идните борби“, рече генерал-потполковникот Марк Хертлинг, воен аналитичар на Си-ен-ен.