Курдите во Ирак изгласаа независност

0
193

Курдите од Ирак масовно излегоа на референдумот за независност на ирачкиот Курдистан. Според првичните податоци, од 5,2 милиони гласачи, се изјасниле 78 отсто, од кои 90 насто гласале за независност на курдскиот регион во Ирак.

Курдите излегоа на улиците во градовите во северен Ирак за да го прослават крајот на референдумот на кој пршањето гласаше „Сакате ли Курдистанскиот регион и курдистанските краеви надвор од регионот да бидат независна држава?“.

Референдумот не е обврзувачки и во прв ред е наменет да го потврди мандатот на курдската регинална влада која ја предводи Мусад Барзаниј, кој пак води преговори за независност на овој регион богат со нафта.

Со тоа ги занемарија притисоците од Багдарт, заканите од Турција и Иран, како и меѓународното предупредување дека овој потег би можел да разгори уште еден конфликт во и онака немирниот регион.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади на државната телевизија го нарече „неуставен“ курдскиот референдум и порача дека ирачката Влада нема да го прифати неговиот резултат.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пак, се закани со воена интервенција во Ирак. Тој стакна дека независноста на Курдите е неприфатлива за неговата земја и дека „нема да замижат“ пред она што се случува.

Без коментари