Курдски екстремисти: Туристи, не доаѓајте во Турција

0
667

Курдска милитантна група им се закани на странските туристи да не одат во Турција, додавајќи дека ќе го уништат клучниот сектор за економијата на таа земја.

Групата „Јастреби на слободата на Курдистан“ (ТАК) ја презеде одговорноста за овонеделниот терористички напад во Анкара.

„Туризмот е главната цел која сакаме да ја уништиме. Ги предупредуваме турситите да не доаѓаат во туристичките делови на Турција. Ние не одговараме за тоа кој ќе умре во нападите во тие региони“, истакна групата во соопштението на англиски јазик.

Одметнатата курдска група, некогаш блиска до Работничката партија на Курдистан (ПКК), ја преземе денес одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица.

 Групата „Јастреби на слободата на Курдистан“ истакна во соопштението дека бомбашкиот напад во Анкара е одговор на политиката на турскиот претседатеч Реџеп Ердоган и најави дека ќе продолжи со нападите, јаву Ројтерс.
www.mkd.mk