Курц реагира на грчките закани за вето за Македонија и Србија

0
459

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц ја осуди заканата од Грција упатена до земјите учеснички на денешната конференција за Западен Балкан, посветена на запирање на бранот бегалци на балканската рута, пренесува „Танјуг“.

Грчкиот министер за миграција Џенис Музалас вчера ги предупреди земјите-учеснички на Виенската конференција за Балканската рута дека Атина може да стави вето на одлуките на Европската унија, кои се однесуваат на нив.

Тој во изјава за грчките медиуми, посочи дека понатамошното приближување на земјите кандидати за членство во ЕУ може да биде блокиран.

Претходно, Грција испрати официјална протестна нота до Виена заради настанот, кој е посветен на бегалската криза и Балканската рута.

Грција го искажа своето незадоволство затоа што не учествува во оваа конференција, чии што одлуки можат, како што се вели во протестот, да имаат последици и за Грција и за нејзините граници.

Курц ја одбрани и работата на Австрија во бегалската криза, истакнувајќи дека официјална Виена е за европско решение, но додека тоа го нема, мора да се преземат национални и регионални мерки.