Кузманоски: Општина Новаци ќе биде сервис на граѓаните

0
1989

-Доколку ја добијам поддршката од жителите на општина Новаци , општината ќе биде сервис на граѓаните. Тоа значи дека ние на почеток ќе ги вратиме оние месни заедници во таква форма како што беа порано. Ние сите знаеме дека тие порано располагаа со сопствен буџет, располагаа со претседател на месна заедница и месен одбор итн. Ние дел од буџетот на општина Новаци ќе го донираме на месните заедници . При припремање на буџетот за идната година ние ќе разговараме со секој претставник од МЗ за тоа што ќе им биде најприоритетно за наредната година, за да влезе во буџетот за да се обезбедиме средства за тие проекти да се реализираат. Нема да се случи да работиме некој проект а жителите од тоа населено место да не се запознаени со тоан . Секој граѓанин кој има било каква потреба или услуга од општина Новаци, тој ќе биде навремено и правилно услужен . Нема да биде одбиен заради немање време или слични активности, изјави Љубе Кузманоски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Новаци.