Кузманоски: Старски дом за жителите од Новаци

0
1371

-За наредните 4 години јас изготвив програма доколку ја добијам довербата од граѓаните. Еден од тие клучни и покапитални проекти за општина Новаци ќе биде овај објект кој порано беше амбуланта, сега сакам тој објект да биде Дом за стари лица. Заради потребите на постарите лица, бидејќи нивните генерации помлади или се иселуваат во странство или мигрираат во градовите, имаат потреба од секојдневни медицински и лекарски услуги, затоа ние овај објект ќе го намениме за тие стари лица, каде што за тие 24 часа ќе бидат под лекарски надзор. Капацитетот на овај објект е да биде со околу 35 до 40 лежаи и да биде современ старски дом. Приоритет за вработување во овај дом ќе имаат жителите на општина Новаци, но меѓутоа доколку нема стручен кадар она што е потребно за нормално функционирање, тогаш ќе бидат земени во предвид и лица од другите општини, изјави Љубе Кузманоски, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата за општина Новаци.