Кузмановски се врати во тренажен процес по еден месец пауза

0
176

Ракометарот на Металург, Филип Кузмановски по пауза од речиси еден месец се врати на тренинзите и најверојатно ќе биде во составот на тимот за дуелот во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец имаше и здравствени проблеми и повреда на скочниот зглоб, но проблемите се зад него и тој може да се врати на клупските обврски.

Капитенот на тимот од Автокоманда ги пропушти гостувањата кај Мотор Запорожје и Чеховски Медведи, но се чини дека се враќа во вистински момент, за да им помогне на соиграчите во продолжувањето на победничката серија во најсилното европско клупско натпреварување.