Квалитетна аеродромска структура, но намален број на туристи

0
336

Иако Македонија е рангирана како земја со највисок квалитет на аеродромска инфраструктура, државниот завод за статистика покажува намалување на бројот на туристи и ноќевања во месец март во однос на март минатата година, така бројот на туристи во март 2017 изнесува 43 033, а бројот на ноќевањата изнесува 91 532.
Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.2%.
Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4.3%, а бројот на странските туристи е намален за 3.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 11.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.2%.
Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.8%, а кај странските има зголемување за 6.9%.
Најголем број од посетителите биле од Грција, Бугарија, Германија, Албанија и други земји. Најмалку гости имало од Исланд, Малта, Нов Зеланд и Јужна Африка.
Земјата во февруари имало раст на бројот на туристички посети. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2017 година изнесувал
36 869, а бројот на ноќевањата изнесувал 79 860.Бројот на туристите во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бил поголем за 13.6%, бројот на ноќевањата зголемен за 10.3%.
Од друга страна во извештајот за патување туризам и конкурентност на светскиот економски форум стои дека Македонија има најквалитетна аеродромска инфраструктура во регионот.
Македонија e потенцирана како земја со највисок квалитет на аеродромската инфраструктура во регионот. На глобалната табела од 136 земји на квалитет на аеродромската инфраструктура, Македонија е рангирана на 51. место и од последниот извештај е напредната за осум позиции.