Кварталниот извештај на Буџетот пред Советот

0
718

Денеска е петок, а тоа е ден кога заседава битолскиот Совет. Не секој петок, туку најмалку еднаш месечно. Закажаа седница во 10, а почнаа во 12. Во меѓувреме  ја презакажале. А денеска пред нив парите, односно како раководела општината во првиот квартал од јануари до март оваа година.

– Од извршувањето на овај квартал, повторно буџетот ќе биде со катастрофална реализација и повторно Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има уште една изгубена година, која што битолчани ќе сакаат што поскоро да ја заборават, изјави Александар Касапов, советник од ЛДП

Мнозинството со контратези на обвинувањата на локалната опозицијата. Карапашовска возврати на Касапов.

-Процентот на извршување е помал од минатата година , но тоа се должи на фактот што локалните избори требаше да се одржат во тој период Првиот период беше предизборен период и сите објави за продажба беа стопирани, и норамлно е да се очекува помал процент на извршување на тие ставки,изјави Соња Карапашовска,     советник од ВМРО-ДПМНЕ


Наташа Петровска од СДСМ на ова рече дека и покрај тоа што реалност било дека ќе има избори во првиот квартал на годината, власта при носењето на буџетот во месец декември 2016 година, најверојатно очекувала да има поголеми приходи па затоа и го зголемила целокупниот буџет на општината

Дискусија продолжи за новото задолжување на владата

-СДС Во текот на изборната кампања ветуваше дека ќе нема нови задолжувања. Тоа ветување го прекршија, за еден месец СДС ги задолжи граѓаните на Македонија за 1 милион и 600 илјади евра. Доколку продолжи со ова темпо на задолжување за една година ќе ја задолжи државата и граѓаните за 720 милиони евра,рече Соња Карапашовска, советник од ВМРО-ДПМНЕ

-Моите информации кои што вчера ги прочитав на некои портали, се дека со задолжувањето на домашниот пазар се вратени над 70 милиони евра предвреме од долгот кон Дојче Банка, со 6,65%. Каматите меѓу европските земји се 1 до 2%, со негативно салдо, само Македонија добиваше камати од 6,5 до 10%, рече Златко Ќурчиевски, советник од СДСМ

Денеска заседаваа, а ќе се сретат и в понеделник, со што ритамот од петоците сега се нарушува, најверојано пред годиншните одмори. Прва точка е:

1.Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2017 година. ова значи дека од ставката основни плати -државни службеници 1.200.000 деанри се префрла во ставката привремени вработувања.

2. Одлука за измена на Одлуката за кофинансирање (учество) на Општина Битола со цел аплицирање за реализација на подпроект за „Реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“ – Битола.

3. Одлука за донесување на Општ акт за село Буково и утврдување на услови за начинот на градење во село Буково – Општина Битола, за кое нема урбанистички план.