Kвартетот саксофони Еутерпа со концерт во Битола

0
224

Квартетот саксофони Еутерпа, од Словенија, во дворот на битолската магаза приредија прекрасно музичко доживување за љубителите на добрата музика.

Младите уметници, студенти на музичката академија во Љубљана,
се здружија со желба за заедничко музицирање и создавање музика. Квартетот е под водство на менторот доцент Дејан Прешичек.
Изведуваат различен репертоар со цел да им ја доближат класичната мзуика на сите генерации.
Настапот во Битола беше дел од нивната прва официјална турнеја надвор од Словенија која започна во Скопје а заврши во Италија.
Младите ентузијасти за краток временски период имаат настапувано во голем број на градови во Словенија, а во рамките на Универзитетот и на 43 – от по ред натпревар „Темсиг“ освоија златна плакета и прва награда.