Лајонс клубот Феникс донираше во Домот за доенчиња

0
620

Лајонс клубот Феникс Скопје предаде донацијата на производи наменети за дечињата од Домот за мали деца и доенчиња во Битола во вредност од околу 90.000 денари. На донацијата и претходеше хуманитарен настан (аукција на детски цртежи) организиран од страна на ЛК Феникс Скопје кој се одржа во градинката Пиколини. Со собраните средства од аукцијата беа купени неопходни производи за Домот. Дополнително, кон акцијата со донации на свои производи се приклучија и други компании. Лајонс клуб Феникс Скопје е дел од Лајонс Клабс Интернационал – најголема сервисна организација во светот која брои 1,4 милиони членови, организирани во преку 46,000 клубови во повеќе од 200 земји во светот.

irena

Соработката на Домот за доенчиња со Лајонс клубовите трае повеќе години

natasa

– Феникс клубот од Скопје направија креативна акција во соработка со градинките од Скопје и целта беше донација насочена кон штитениците која што претходно согласно потребите, искажани во хигиенски средства за одржување на лична хигиена, козметика за дечињата. Секогаш ваквите донации се добредојдени односно се подобрува квалитетот на живот на дечињата, изјави Наташа Младеновска Лазаревска – Директор на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“, Битола.