Лампевски и Стојковски нови засилувања за Пелистер

0
178

Откако во јануари се обидоа да го донесат во дресот на Пелистер, искусниот десен бек на Силекс, кој своевремено настапуваше за Колубара, Даниел Лампевски деновиве ќе потпише за Пелистер. 28 годишниот фудбалер играше ретко во последните две сезони, а во еден период го носеше и дресот на српскиот Моравец. Исто така управата на клубот ќе му понуди перманентен договор на Антонио Стојковски кој се врати од Германија и веќе неколку месеци тренира со зелените. Тој остави солиден впечаток на и првиот контролен натпревар со Младост Царев двор, кој во неделата заврши без победник 1:1. Стојковски е изданок на школата на Пелистер, кој една сезона играше и за младинската екипа на Вардар. Дејствува во средниот ред со евидентни офанзивни карактеристики. Претходно на Пелистер му пристапија Главевски, Трпевски, Димитриоски и Новески.