Ландини и Махиндра најбарани на пазарот

0
2150

Земјоделството е тешка и одговорна дејност. Да се биде нaјдобар во агробизнисот во регионот не е едноставно.Потребно е многу труд, квалитетни производи и услуги, како и љубов за тоа што се работи за да се биде најдобар.Само така може да се задоволат потребите на модерното земјоделство.Успешно работејќи повеќе од 10 години на македонскиот пазар,Евро Стил доо од Битола има една цел: да понуди широк асортиман на производи со најдобар квалитет, а со тоа да се задоволат потребите и на најпребирливите.

blagojce ristevski

Благојче Ристевски од Евростил вели дека тие се претставуваат најмногу со најбараниот брен на тракторот Ландини и Махиндра, а преку најголемиот број на апликанти преку ИПАРД се потврдува дека овие два брендови се најбарани и во Македонија.

Лоцирана во срцето на земјоделието, Пелагонија, Евро Стил Битола секојдневно, напорно работи и го зголемува обемот на своето работење, така денес главна активност на фирмата е: увоз, извоз и дистрибуција на трактори, приклучна земјоделска механизација, опрема за млекарство, вештачки ѓубрива, опрема за шумарство и градинарство, пумпи за вода, генератори и уште многу други производи. Нивната визија е да бидат компанија која е одговорна,иновативна, компанија на која може да и се варува.

Нудиме квалитет, новитет и добра услуга вели Ристевски.

Најновите технолошки достигнувања во областа на земјоделието се нивни предизвик,
продуктивно и ефикасно земјоделско производство. Свои продажни центри имаат во Битола Струмица, Прилеп и низ цела Македонија оперираат преку дистрибутивната мрежа која ја имаат развиено.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY