Лани откриени фалсификувани монети од едно и две евра

0
766

Лани Народната банка на Македонија направила 670 анализи на сомнителни книжни и ковани пари и утврдила дека 599 фалсификувани пари и 71 оригинална пара.

„Во вкупниот број фалсификувани книжни пари, најзастапени се книжните пари во евра (303 парчиња) и американските долари (137 парчиња). Лани се откриени и фалсификати на ковани пари во странска валута – 154 ковани пари, од кои 152 се фалсификувани ковани пари во апоен од 2 евра и две се фалсификувани ковани пари во апоен од 1 евро“, соопшти НБРМ.

Според НБМ се работи за лош квалитет на изработка што овозможува лесно откривање на фалсификатите.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY