Ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија

0
2506
  1. Систина Офтамологија започна со примена на ласерска корекција  на диоптрија. Што подразбира оваа метода, за каков оперативен зафат станува збор. Кои се предностите, а кои се ризиците?

Ласерската корекција на диоптријата е брза, сигурна, безболна и трајна мeтода за отстранување на диоптерот. Над 50 милиони луѓе во светот ја имаат направено оваа интервенција, меѓу нив има повеќе претседатели на држави, глумци, спортисти, Бред Пит, Ким Кардашијан, Елтон Џон, Мајкл Болтон..

Предностите се голем комодитет, секојдневни активности без наочари или контактни леки, пливање, возење кола или гледање на телевизија. Ризиците се секако минимални и се состојат во остаток на диоптрија односно хипо или хиперкорекција. Не постои можност за губиток на видот бидејки се работи само предниот дел од окото.

  1. .Колкава е заинтересираноста на македонските граѓани за овој зафат, колку операции се веќе направени, има ли листа на чекање, колку операции годишно може да бидат извршени

Со отварање на рефрактивниот оддел, во нашата болница, заедно со најголемата регионална Универзитетска болница- Свјетлост од Загреб и проф. Др. Никица Габрич, нашите граѓани и оние од регионот, кои досега одеа во странство, сега истите операции ќе можат да ги направат кај нас. Многу сме задоволни од одзивот и позитивно изненадени од бројот на заинтересирани граѓани. Ние располагаме со знаење, искусни  доктори и врвна ласерска дијагностика и апаратура. Поради ова нема никакви ограничувања во операциските капацитети. Може да ги оперираме сите оние кои имаат потреба од тоа, во времето кое ним им одговара и да ја следиме нивната состојба. Ние сме со нашите пациенти  предоперативно, за време на самата процедура и постоперативно.

Оваа интервенција, кај нас и секаде во светот се третира како приватна интервенција и државата не ги покрива трошоците.

  1. Вообичаено помладите се најмногу заинтресирани за ваков зафат, од која возараст, има ли граница кога може да се направи оваа операција?

Во однос на возраста, долната граница ни е 18 години и една година стабилна диоптрија, кое е  често поважно од самата возраст,  додека горната граница е флексибилна.  По деталниот преглед со пациентот ги разгледуваме неговите можности, од ласерската корекција на диоптерот па се до вградувањето на монофокални или мултифокални леќи и го одбираме решението кое најмногу му одговара на пациентот земајќи ги во обзир и медицинските индикации и потребите и желбите на пациентот.

  1. Може ли да објасните каква е процедурата за ласерска корекција на диоптрија?

Предоперативниот преглед трае околу 2 часа. Прво пациентот исполнува медицински прашалник преку кој не запознава со евентуално постоење на други болести, лекови, претходни операции. Анамнезата е голем дел од прегледот на кој пациентот ги покажува своите барања и очекувања од оперативниот зафат

Потоа  почнува прегледот со снимање на Пентакам (корнеална топографија), со помош на кој гледаме постои ли некаква неправилност на рожницата која оневозможува да се направи ласик, или дава сомнеж за друга болест на окото. Се проверува диоперот на тесна зеница и на широка зеница,  се мери очен притисок, квалитет и квантитет на солзен филм и преглед на фундус или позадината на окото. Врз основа на сите податоци се одлучува која процедура е најадекватна за отстранување на диоптерот кај пациентот.

На денот на операцијата повторно се прави кратка контрола на диоптријата. Самиот зафат трае 5-7 минути по око, во локална анестезија со капки. Веднаш по зафатот пациентот добива терапија за дома, упатства и заминува дома со отворени очи, гледајќи добро како со својат анајдобра корекција.

  1. Има неколку методи за отстранување на диоптријата, од што зависи која ќе се примени и во кои случаи?

Зависи од медицинските индикации, значи од прегледот утврдуваме која метода може, а која не кај пациентот, а потоа земаме во обзир кои се неговите очекувања, желби, и секако финансиски можности.  Покрај ласерско одстранување на диоптрија постои и можност за имплантација на најсовремени интраокуларни леки ( факични леќи) како и мултифокални леќи кај пациентои кои не се кандидати за ласерска интервенција на рожницата. Оваа метода е брза,безбедна и дефинитивно ја спречува појавата на диоптрија за далеку како и појава на катаракта. Мултифокалните леќи обезбедуваат вид како за далеку така и за близу и се препорачува особено кај активни луѓе, како без помагала би пишувале на компјутер и истовремено би функционирале на далеку. Возраста не е контраиндикација за имплантација на овие леќи. Секој пациент со одредена диоптрија или катаракта, со желба да не носи наочари може да го направи овој зафат.

  1. Кој е диоптрискиот распон во кој може да се примени ласерската корекција, односно до кој диоптер, незвисно дали станува збор за минус или плус?

Постои една груба диоптерска ширина од  -10.0 до +6.0, како и до ±6.0 цилиндри астигматизам, но тоа прилично зависи од дебелината на рожницата и нејзината закривеност.  Има случаи кога и кај помала диоптрија, предлагаме друга метода како посигурна но и случаи во кои и поголема диоптрија без проблем може да се отстрани.

  1. Во кои случаи не ја препорачувате оваа операција, и имало ли случаи кога сте ги одбиле заинтересираните, бидејќи сте процениле дека не може да се изведе овој зафат?

Постојат случаи во кои не може да се направи ласерска корекција на диоптерот, но за среќа постојат други процедури како што е вградување на фаични леќи, монофокални или мултифокални леќи со кои успешно може да се отстрани диоптерот. Ние не сме одбиле пациент со образложение дека не можеме да ја корегираме диоптријата затоа што ние имаме начини да корегираме секоја диоптрија. Сме одбиле пациенти на кои сме им нашле други болести на окото, кои се контраиндицирани за ласерска корекција на диоптерот како што е на пр. кератоконус.

  1. Колку чини ваквиот зафат?

Промовирајќи го отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија и партнерството со Универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, се погриживме на нашите пациенти да им понудиме прифатлива промотивна цена од 500 евра за интервенција на едно око во која се вклучени и бесплатни контролни прегледи во следните три месеци како и сите терапии и достапност на нашите доктори за сите прашања на нашите пациенти. Едноставно сме тука за вас.

Без коментари

LEAVE A REPLY