Ласерската корекција на диптрија и вградување на нови типови на леќи

0
391

Систина Офталмологија и единствената универзитетска болница во регионот Свјетлост – Загреб, во јуни минатата година започнаа со новиот Рефрактивен оддел во Систина Офталмологија. Тоа значи дека 15 годишното искуство со преку 50.000,00 успешни интервенции во ласерската корекција на диптрија и вградувањето на нови типови на леќи кај пациенти со или без катаракта, ќе им биде овозможено и на граѓаните на Македонија и пошироко во регионот. Во Систина Офталмологија, со единствената ласерска апаратура ќе добиете прецизна 3Д слика на вашето око и прецизно дијагностицирање на сите евентуални пореметувања.