Лауреати на ИФФК.Браќа Манаки дел од официјалното жири

0
263

Изборот на тринаесетте филмови во официјална конкуренција на ИФФК.Браќа Манаки, е направен од фестивалите во Кан, Венеција и Берлин; со видлив баланс меѓу европските кинематографии и оние од другите континенти.
Респектабилното петчлено жири се состои од претходни лауреати на фестивалот кои ја оценуваат креативната работа на кинематограферите на овие филмови, кои се натпреваруваат за наградите – Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Претседател на жирито е Ришард Ленчевски, кинематографер од Полска, воедно и лауреат на наградата за животно дело – Златна Камера 300 .IMG_8599
– Божидар-Бота Николиќ, лауреат на наградата за животно дело – Златна Камера 300 и СЕЕ Награда.
Неговиот опус е импозантен – над 40 играни филмови, 15-тина ТВ серијали и 50-тина ТВ. драми во кои соработува со најдобрите југословенски режисери, сценаристи и актери. Тој е еден од најнаградуваните филмски автори на овие простори и повеќето од неговите дела имаат култен статус и го поминале тестот на времето.
-Ерџан Кесал, сценарист/актер од Турција.IMG_8641
Неговото вклучување во филмското творештво, започна за првпат во 2002 година со филмот Далеку.
Кесал е наградуван за неговото актерство и за неговите сценарија на многу домашни и меѓународни филмски фестивали, а автор е и на две книги.
-Митко Панов, сценарист/режисер/продуцент од Македонија.
Освојува „Златна Палма“- награда на Канскиот филмски фестивал во 1991 година за најдобар краток филм, вклучително и „Сребрен змеј“, во 1986 г. во Краков, Полска, на Интернационалниот фестивал за краток филм, како и Прва награда за краток филм на Интернационалниот филмски фестивал во Тел Авив, 1986-та.
Неговото сценарио за „СВЕДОК“ доби две меѓународни награди за сценарио, вклучително и Специјалната награда „Кишловски“ на Скрипт тест, филм во кој игра Бруно Ганц.
-Хајет Бенкара, фестивалски организатор/продуцент од Канада. Работела за Фестивалот во Кан (мрежа на продуценти), за Берлиналето (копродукцискиот пазар), Фестивалот во Ротердам/ИФФР (СинеМарт), Интернационалниот филмски фестивал во Дубаи и други.