Лауреатите на 37-то Браќа Манаки

0
529

Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, специјалната награда Златна камера 300, за особен придонес во светската филмска уметност за 2016 година, ја доделува на американскиот и светски кинематографер Федон Папамихаил.

Тој има снимено над 40 филмови, вклучувајќи ги и последните три на режисерот Александар Пејн, меѓу кои и Небраска кој на Папамихаил му ја донесе првата номинација за оскар.

Тука се и лауреатите Џон Сил и Роби Милер.

Лауреат на наградата Голема ѕвезда, што ја доделува Друштвото на филмски професионалци на Македонија, е светски познатиот Сајмон Пери. Оваа награда му се доделува за исклучителните резултати во продуцирањето на најуспешниот македонски филм Пред дождот и откривањето на талентот на Милчо Манчевски.

Наградата ќе му биде свечено врачена за време на годинешното издание на ИФФК.Браќа Манаки.