Лауреатите од Манаки кај Талески

0
374

Грбот на Битола, за добредојде во рацете на двајцата лауреати, добитници на Специјалната награда Златна камера 300 на овогодинешниот 36 Интернационален филмски фестивал Браќа Манаки, од страна на битолскиот градоначалник. Прв пат се во градов и на фестивалот.

aleksej

Алексеј Серебрјаков вели дека за прв пат е во Битола, а за фестивалот прочитал на интернет и смета дека вакви фестивали треба да има повеќе.

И другиот лауреат, Ганц, за Битола ќе рече дека тука им многу живот.

bruno ganc

Бруно Ганц вели дека јадел салата во ресторани и видел краток ноќен живот изненаден што има толку многу луѓе што сакаат да јадат, пијат, пушат и муабетата нешто на што не е навикнат доаѓајќи од Швајцарија.

И од овој аспект на прагот на оваа голема култуна манифестација во земјава, Талески потсети дека е многу важно што ваквите големи имиња доаѓаат кај нас.

vladimir taleski

Талески Владимир рече дека ове е фундаменталаната и основна цел и овие луѓе ја видоа Битола и ќе ја пренесат во светот.

Празникот на филмот почнува во Битола со кој во наредниве 9 дена, градов ќе биде филмски центар во светот. Утринава фестивалот Браќа Манаки ја одржа и првата официјална прес конференција во Битола во прес Ценатрот.