Лауреатот од Берлин и од Венеција, младиот португалски режисер Хозе Салавиза, гостин во Битола

0
376

Еден од најнаградуваните млади режисери во светот,  Португалецот Жоао Салавиза, ќе биде гостин на ИФКК „Браќа Манаки“ во Битола.За свои два кратки филма тој е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) и „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).

„Браќа Манаки“ ќе биде вториот фестивал каде ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“─ веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, закажана за денеска. Со филмот „Планина“, на 19 септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На 20 септември, во 12 часот, ќе организираме и средба „Разговор со…“ во Малата сала на Центарот за култура.

На филмот „Планина“, 31-годишниот Салавизасоработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.

─Филмовите на Вијана импресионираат со едноставната структура и живата презентација на „малите“ секојдневни проблеми во животот. Во нив Лисабон не е сјајното место што го гледаме на туристичките реклами туку во најголем фокус е предградието на Лисабон. Во сите негови филмови главните актери се тинејџери кои имаат проблем со слободата, а Салавиза е филозофот што покажува дека понекогаш луѓето што се на слобода се помалку слободни од оние со ограничена слобода. Во соработката со Вијана, Салавиза создава и повеќе од интелигентен визуелен светзаради што ни е повеќе од чест што гостува во програмата „Нов европски филм“ – вели селекторот на програмата, Дејан Трајкоски.

Веднаш по промоцијата во Битола, филмот на Салавиза ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сан Себастијан.

Салавиза изрази желба да помине десетина дена пред почетокот на Фестивалот во Македонија, заедно со својата сопруга која му е асистентка по режија, и дел од нивниот меден месец да го поминат во Македонија.