Лауреатот од Кан и Берлин, Салавиза, гостин на ИФФК.Браќа Манаки

0
317

Еден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, е гостин на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Салавиза е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) и „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).

Браќа Манаки е вториот фестивал, каде беше прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“─ веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

Со овој филм беше отворена програмата „Нов европски филм“ .

На истиот 31-годишниот Салавиза, соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.

Салавиза помина десетина дена во Македонија, заедно со својата сопруга .