Лавина на Шар планина

0
746

Искачувајчи се на врвот Плат на Шар Планина, дел од 17-члената група била повлечена од лавина.  Станува збор за група составена од планинари од Србија и Македонија која изминатиот викенд го искачувале врвот Плат по стандардната планинарска патека од Попова Шапка кога во делот од последниот успон пред врвот 9-мина биле повлечени од лавина.

За среќа повредени нема, а планинарите потоа го продолжија искачувањето кон врвот. Како што вели Мирослав Докман од планинарскиот клуб Мосор за Б92, инцидентот се случил околу 10 часот во подножјето на врвот.

Некои од нив, лавината ги исфрлила стотина метри наназад, но трагедија според зборовите на Докман била избегната брагодарени на присебноиста на сите.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY