Лавина обвинувања за сексуални напади

0
198

Серијата тврдења за сексуални напади и несоодветно однесување, од кои едно е на 10 годишно девојче, предизвикаа хаос во кампањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, на помалку од месец од претседателските избори.

Обвинувањата на сметка на Трамп се појавија како лавина откако тој негираше дека несоодветно се однесувал со жените, покрај објавените снимки на кои тој ги нарекува со погрдни зборови.

До вчеравечер, како што објавува британскиот весник Гардиан на листата на жени кои биле мета на таквото безобразно однесување на мултимилионерот се најдоа:

-две натреварувачки за Мис САД, кои тврдат дека Трамп им влегол во собите додека биле голи,

-две жени кои тврдат дека Трамп ги бакнал без нивна согласност, од кои едната во авион

-жена која тврди дека Трамп сексуално ја нападнал за време на настан во Флорида,

-репортерка на магазинот Пипл која тврди дека Трамп и се нафрлил кусо откако го направила интервјуто со него и со неговата сопруга во 2005 година

-инцидент во кој Трамп наводно сексуално нападнал 10 годишно девојче за време на емисија која се снимала во Трамп Тауер.