Лавров и Кери разговараа за примирјето во Сирија и Нагорно Карабах

0
220

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери ја потенцираа неопходноста од поголема соработка меѓу Москва и Вашингтон за зацрвстување на прекинот на огнот во Сирија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.

Лавров и Кери во телефонскиот разговор, исто така, зборуваа и за напорите во борбате со Исламска држава, за Фронтот Ал Нусра и други терористички организации и се согласија да се преземат дополнителни мерки за запирање на приливот на борци и оружје од странство, соопшти министерството.

Според руското министерство, Лавров и Кери, исто така, „го поздравиле постигнатиот договор за прекин на огнот во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах и се договориле да помогнат во нормализирање на ситуацијата во регионот“.