Лавров и Кери се договорија за Сирија

0
298

По средбата на двајцата дипломати на САД и Русија- Сергеј Лавров и Џон Кери во Цирих има добри вести за решавање на воениот конфликт во Сирија, соопшти руската “Парламентарная газета”.До крајот на јануари ќе започнат преговорите меѓу противставените страни во конфликтот, а само Исламската држава е исклучена од преговорите. Според Лавров, Русија е подготвена “многу цврсто со Вашингтон да ги координира своите дејствија во Сирија за хуманитарните прашања и борбата против терористите”. Според него, многу е важна практичната реализација на заедничките активности и заедничката поддршка при борбата со Исламската држава. САД и Русија велат дека се за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и Ирак.