Лазаров ги достигна Панчев, Најдовски и Пандев

0
154

Освоената Лига на шампиони во Келн, за Кирил Лазаров е само потврда на местото меѓу легендите на македонскиотн спорт. Тој е првиот наш ракометар кој ја освоил Лигата на шампионите и доаѓа само една недела откако Кузмановски, Мајнов и Стоилов го освоија Челинџ Купот со Одореи од Романија. Но Лазаров влегува во одбраното друштво во кое се само фудбалерите Дарко Панчев и Илија Најдовски со Црвена звезда и Горан Пандев со Интер. Тоа се единствените македонски спортисти кои освоиле и европска и светска титула со својот клуб. Во случајот на Лазаров на трите светски титули (две со Барселона и една со Атлетико Мадрид) ја надоврза титулата освоена вчера попладне. Од нашите врвни спортисти кои се дел од колективните спортови, со своите екипи континентални шампиони станаа и Перо Антиќ и Петар Наумовски. Дај боже ова одбрано друштво и натаму да расте.