Лазаров: Не се потрошивме, а в недела не чека важен меч против

0
535

Кире Лазаров, беше лидер на „црвено-жолтите“ и на оваа средба против Франција, успеа да постигне 9 гола, но жали за тоа што на крајот загубивме со вака убедлив резултат.

„Ќе беше навистина нереално доколку победевме против една Франција. Одигравме квалитетен натпревар во тие 50 минути. Не сакам да се осврнувам на тоа што се случуваше, многу работи се случија во овие 60 минути, и добри и лоши. Имавме некои грешки што не смееме да ги правиме против било која репрезебнтација, а не против Франција која знае да ја казни секоја грешка, но имаше и некои други грешки, сепак ние сме Македонија, не сме Франција. За жал и немаме толку голем ростер на играчи за да ги надополниме работите во играта. Овие бодови не ни беа планирани и доколку ги освоевме ќе беше многу големо изненадување, но добро е што со играта ја подигнавме самодовербата. Одиме напред. Да се одмориме добро и да се подготвиме за натпреварот со Полска кој го играме во недела. Физички добро се чувствуваме, не се заморивме многу и ќе се обидеме да одиграме уште подобар натпревар во недела, иако Полска е домакин мислам дека се малку по наивни од Франција, знам и верувам дека можеме да бидеме подобри од денес. Едноставно се до 52 минута ни се укажуваше шанса да направиме изненадување, но психолошки се потрошивме затоа што едно време помисливме дека можеме да земеме некој бод што ќе ни значеше многу. Сепак јас не сум разочаран, напротив со ваква игра против Франција само повеќе верувам во нас“, истакна Кире Лазаров.