Лазаров стигна до 984 гола во Европа

0
141

Со овие 7 гола во Келн или 42 во 2015 година во европските купови, Кирил Лазаров дојде до 984 гола во европските купови, голем дел од нив (преку 950) постигнати во Лигата на шампионите. Оваа импозантна бројка го става капитенот на македонската репрезентација на првото место на вечната листа на Лигата на шампионите од сеуште активните ракометари. Веројатно единствени кои е блиску до неговата статистика е бившиот негов клубски другар Хуанин Гарсија, кој пред неколку дена потпиша за Адемар Леон и неговиот клубски другар Сергеј Рутенка. Жером Фернадез исто така има фасцинатна статистика но веќе неколку сезони не игра за екипи кои настапуваат во најсилниот Куп. Оваа сезона македонецот постигна 106 гола, со што за прв пат ја мина границата од 100 гола во една сезона. Двајцата имаат преку 800 гола. Со ова темпо во октомври Лазаров ќе ја мине магичната граница од 1000 гола, која претходно ја помина во дресот на националната репрезентација. Од пензионираните, фантастични бројки има Олафур Стефансон со близу 1400 гола во европските купови во богата кариера