Лазаров: За утре против Тунис ќе бидеме оние вистинските

0
624

Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по мечот со Полска изјави дека вечерашната престава е далеку од она што го посакувавме против Полска.

„Не одигравме како што посакувавме и како што се договаравме. Но, и пред турнирот знаевме дека Полска е голем фаворит, посебно на домашен терен, а ние сега мора да останеме максимално позитивни затоа што утре не чека клучниот натпревар против Тунис. Верувам дека утре ќе биде далеку подобро“, вели капитенот.

Кире Лазаров вечерва беше предводник на нашата репрезентација со 8 гола. Утре на дуелот со Тунис ќе ни биде потребна свежина и многу позрела игра за победа.