Лажна и непроверена е информацијата за опасен вирус во парацетамол

0
554

На социјалните мрежи вчера експресно се прошири фотографија со текст, во кој извесен нутриционист предупредува дека таблетите парацетамол на фотографијата, содржат смртоносен „Мачупо“ вирус. Во Министерството за здравство објаснија дека вирус може да биде присутен само во жива клетка, дека оваа вест е лажна и тој што ја споделил информацијата е комплетно неук.

„Овој пост содржи лажни и непроверени информации. Може да се обратите до Агенција за лекови за дополнителни информации од стручни лица“, велат од Министерството за здравство.

Ова не е првпат да се шират вести за лажни здравствени тврдења, со цел да предизвикаат паника кај луѓето. Во членот 205, став 5 од Кривичниот законик пишува дека тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или пак, со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци. Оние кои пренесуваат вакви вести се соочуваат со затворска казна

Без коментари