Лажна закана за авион на Бритиш ервејз во Париз

0
279

Сите патници и членови на екипажот на авионот, што требаше да полета од „Шарл де Гол“ кон лондонскиот аеродорм „Хитору“, претплднево беа евакуирани, поради, како што соопшти полицијата, безбедносни причини.

По евакуацијата, полицајци во придружба на кучиња трагачи, го пребарале леталото и го провериле багажот, при што не е пронајдена никаква сомнителна направа или супстанца и е утврдено дека не постои безбедносна закана.

Претставник на франциската полиција кусо информира дека станувало збор за „лажна закана“, но не соопшти повеќе детали за целиот случај.

Претходно, еден од патниците во авионот за американски медиум изјави дека пилотот првично на патниицте им соопштил дека летот ќе доцни поради технички проблеми.