LC.Waikiki-моден бренд кој го привлекува вниманието на битолчани

0
729

Водечкиот моден и малопродажен бренд LC Waikiki покрај неколку продавници во градови низ Mакедонија, отсега и во Битола.

Во срцето на Широк Сокак, љубителите на модата имаат можност токму пред новогодишните празници да изберат модел од најновите колекции на овој бренд.

Отворањето е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат LC Waikiki производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите, и пред се поради ценовната достапност.

Ова е место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил што е во функција на бренд филозофијата „Секој заслужува да биде убаво облечен“.

По повод новогодишните празници и попуст на колекциите.

Приказната за овој бренд започнува од 1997 година а сега се достапни во 23 земји.

Со мисија да се промовира чувството на “достапна мода”, LC Waikiki стана пример за другите во малопродажбата остварувајќи континуиран раст веќе 18 години по ред, на домашниот и интернационалниот пазар.

Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно.

Без коментари

LEAVE A REPLY