ЛДП бара укинување на екстерното тестирање

0
1578

-Власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ со своите проекти односно експерименти го доведе образованието пред колапс и тоа како од квалитативен така и од финансиски аспект.

Еден од тие проекти односно експерименти е и екстерното тестирање за учениците, наставниците и професорите. Резултатот од овој есперимент е траума и стрес за учениците и родителите, стрес и казни за наставниците и професорите.

Премиерот Груевски, на последната седница за пратенички прашања изјави, парафразирано кажано, дека учениците кои завршиле училиште пред да се воведе екстерното тестирање, ќе имаат стрес кога ќе излезат на пазарот на трудот и ќе се соочат со нивното незнаење.

Исто така Груевски во своето обраќање по повод 8 септември истакна дека кога немало екстерно тестирање родителите вршеле притисоци врз наставниците и професорите, за да пишат повисоки оценки.

ЛДП денес бара:

  1. Претставниците на ВМРО – ДПМНЕ од Битола да се оградат и да ги осудат ваквите изјави на премиерот, затоа што нашите деца ниту се незнајковци ниту пак се паразити

  2. Да се прифати барањето на учениците, родителите, наставниците и професорите и да се укине екстерното тестирање, изјави Александар Касапов ЛДП-Битола

 

Без коментари

LEAVE A REPLY