ЛДП:Екстеното тестирање траума за образованието во целост

0
367

anita
Власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ со своите проекти односно експерименти го доведе образованието пред колапс и тоа како од квалитативен така и од финансиски аспект.Еден од тие проекти односно експерименти е и екстерното тестирање за учениците, наставниците и професорите. Резултатот од овој есперимент е траума и стрес за учениците и родителите, стрес и казни за наставниците и професорите.Екстерното тестирање не донесе подобар квалитет во образованието, туку напротив донесе незадоволство кај учениците, родителите, наставниците и професорите. Тоа незадоволство пак доведе до формирање на средношколски, родителски и професорски пленуми. Сите овие пленуми, преку разни форми на дејствување вклучително и протестни маршеви, бараат укинување на екстерното тестирање. Овие протестни маршеви се организираат и покрај големите притисоци што му се вршат на членовите на пленумите.ЛДП ја повикува власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ да престани да му се заканува на учениците, наставниците и професорите и да му дозволи слободно да си го искажат своето мислење, затоа што сите закани упатени кон нив можат да бидат регистрирани и за тоа некој може и да одговара.Многу пати сме кажале, а денес ќе повториме, ЛДП презема обврска пред родителите, учениците, наставниците и професорите, после победата на опозицијата на следните парламентарни избори, ќе го укине екстерното тестирање.