ЛДП: Груевски да ја отповика скандалозната одлука

0
425

 

Горан Милевски, претседател на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, смета дека не смее да се поништи Договорот од Пржино, ниту од страна на опозицијата, ниту од страна на власта.

ЛДП апелира до четирите партии, потписнички на договорот од Пржино, да го почитуваат договореното. Што се однесува до датумот, ЛДП бара легитимни, а не брзи избори. ЛДП повикува:

„Груевски да ја отповика скандалозната одлука, на 24 февруари да се распушти Парламентот, а на 24 април да се спроведат избори без опозиција, а воедно  СДСМ да не повлекува потези кои би биле штетни по Договорот од Пржино.“

Според ЛДП во една ваква констелација на односите, повеќе од потребно е министрите на СДСМ да продолжат со работа во рамките на техничката влада, а не смее да запре процесот кој треба да го расветли неодговорното работење на оваа власт.