ЛДП побара оставка од градоначалникот

0
440

„ Последните неколку дена слушаме и гледаме како советниците од Вмро-Дпмне маки мачат да го одбранат Владимир Талески од обвинението за криминал тежок 360 000 евра.  Битолчани ги прашуваат овие советници дали го бранат Талески за стадионот што го изгради, дали го бранат за Офицерскиот дом што го реновира или можеби за фонтана пред музејот што ја руши или го бранат за незнајно потрошени 250 милиони евра пари на битолчани.
Вие од Вмро-Дпмне треба да разберете дека ова што ви се случува не е сон. Владимир Талески ви е реалност кој ви е камен околу вратот и ве трга надолу и вас и вашата партија но пред се ја уништува Битола. И вие тоа го дозволувате, но битолчани нема да ви заборават.Сите вие што го браните Талески, за битолчани сте и ќе бидете исти како него.
ЛДП бара од чесните членови на Вмро-Дпмне, значи не од оние што го бранат Талески, да им се извинат на битолчани што Вмро-Дпмне 11 години го поддржува Талески.
Владимир Талески е единствениот политичар кој во „бомбите“ се поврзуваше со направен криминал и нема поднесено оставка, а сите други го направија тоа.
ЛДП  бара од Талески, човекот кој е во куќен притвор, веднаш да си поднесе оставка, со цел да го тргни срамот кој му го нанесе на Општина Битола. Доколку Талески не поднесе оставка тогаш советниците од ЛДП на првата наредна седница ќе побараме советот да изгласа препорака со која на Талески ќе му се препорача да си поднесе оставка, со што советот како орган на општината ќе се огради од обвинението за  криминал тежок 360 000 евра“ рече претседателот на ЛДП Александар Касапов.