ЛДП за безбедноста во сообраќајот

0
372

-ЛДП сака да ја извести битолската јавност дека од Советот на општина Битола и градоначалникот Талески побаравме информација за мерките и активностите кои Општина Битола ќе ги преземе за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Општина Битола.

Со оглед на големиот број на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, сметаме дека Општина Битола мора да донесе акциони планови за тоа како ќе се намали оваа бројка и мерки и активности за намалување на сообраќајните незгоди.

Бараме таа информација да се добие во најскоро време и истата да ги содржи следните мерки:

-Обележување на т.н.,,црни точки“, односно опасни места каде се случуваат најчесто сообраќајните незгоди како и мерките за намалување на незгодите на тие места.

-Воведување на зони на смирен сообраќај, односно, ограничување на брзините до 30 км/ч, покрај средните( Јосип Броз Тито, Таки Даскало, Јован Калаузи, Музичко) и основните (Тодор Ангелевски, стив Наумов, Елпида Караманди) училишта.

-Интензивирање на изградба на патни надвозници и надземни пешачки премини на улиците каде постојат реални опасности за премин на пешаците преку нив( мислиме на изградба на надвозник кај Боримечка, на ул. Васко Карангелевски-кај новиот пазар и на други опасни места).

-Осветлување на пешачките премини

-Преземање на активности за заштита на ранливите групи како учесници во сообраќајот, а особено на децата, пешаците, возрасните лица, лица со посебни потреби и други видови на ранливи групи.

-Поголема фрекфентност и интензивност на поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација

-Зголемување на надзорот на инспекциските органи.

Со оглед на важноста на темата, и со оглед дека законот за Унапредување на безбедност во сообраќајот е донесен пред десет месеци, бараме оваа точка да биде ставена на дневен ред веќе на наредната седница, а мерките кои ќе бидат предложени ќе бидат имплементирани во најскоро време, изјави Валентин Груевски советник од ЛДП во Советот на Општина Битола.