ЛДП за ФК Пелистер

0
182

„Општина Битола  има не само право, туку и обврска да води сметка за состојбите во ФК Пелистер. Исто така општина Битола има обврска да ги информира битолчани за се што се случува и што ќе се случува во редовите на ФК Пелистер.

Помина една година од предавањето на ФК Пелистер во доминантна сопственост на Цермат. Помина една година која за ФК Пелистер, за Битола и битолчани беше тешка како планина. ФК Пелистер со новиот сопственик испадна од првата лига, а и сегашната состојба не дава оптимизам за поголеми успеси во иднина.

Има голем број шпекулации за случувањата во и околу ФК Пелистер.  Со цел да не се дозволи овие шпекулации уште повеќе да му наштетат на фудбалот во Битола, ЛДП бара власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ и нивниот миленик, градоначалникот Талески јавно да излезат и на целокупната битолска јавност да и кажат што се случувало до сега и кои се плановите со ФК Пелистер за во иднина“ рече Александар Касапов од ЛДП.