ЛДП за комуналиите

0
318

„Оваа прес конференција ја држиме на улица Кузман Шапкарев и тоа по барање на луѓето кои живеат овде. Само за појаснување оваа улица се наоѓа во близина на О.У. Тодор Ангелески, значи недалеку од центарот на Битола.
Улицата Кузман Шапкарев е во катастрофална состојба не месец, два или година, две туку повеќе од осум години. Како резултат на катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа улица, граѓаните кои живеат овде имаат големи проблеми вклучително и повреди.
Оваа улица е доказ за тоа дека Вмро – Дпмне и нивниот миленик градоначалникот Талески, и покрај тоа што потрошија скоро 250 милиони евра во изминатите неколку години, немаат желба да го подобрат животот на битолчани.
Ова што ние како ЛДП и опозиција го зборуваме ќе го потврдат и жителите кои живеат на оваа улица. Реалноста во која живееме сите ние е всушност тоа што го кажуваат граѓаните и народот, а не е реалност тоа што го гледаме во скапите реклами на Вмро – Дпмне.
За крај ЛДП бара од власта и градоначалникот Талески веднаш да се постави нов водовод на улицата Кузман Шапкарев, истата да биде асфалтирана и да се осветли и со тоа да се решат проблемите на сите кои живеат на ова улица“, изјави Александар Касапов ЛДП-Битола