Легализација до Нова Година

0
826

Битолчани денеска на „Отворените денови со Катастарот“ имаа можност да ги кажат своите проблеми околу легализацијата на своите имоти. Минатата година на Отворените денови со катастарот во Битола, примиле вкупно 87 граѓани, а на ниво на Р.Македонија 2934, каде што на околу 800 граѓани им бил решен проблемот.

Во однос на легализирањето на бесправно изградените објекти во Одделението за катастар во Битола се запишани приближно 10 илјади бесправно изградени објекти, а на ниво на Р.Македонија катастарот запишал 163.500 бесправно изградени објекти. Рокот за комплетирање на целокупната документација вклучувајќи ги и геодетските елаборати за објектите да можат да се легализираат, е до 31 декембри 2016 година. Што доколку граѓаните не го испочитуваат рокот

-Граѓаните мора да се придржуваат до рокот во спротивно нема да може нивниот бесправно изграден објек да се легализира. А без легализација со тој објект граѓанинот ништо не може да направи. Затоа упатуваме апел до граѓаните до 31 декември да си ги достават сите документи за да им биде легализиран објектот, изјави Славче Трпески, директор на Агенција за катастар

Директорот го пофали битолскиот Катастар бидејќи во предвидениот законски ток ги решавале предметите

„Отворените денови со катастарот“ се одржуваат 9 години со ред.