Легендарниот и-тајп на Јагуар на црвениот килим во Битола

0
360

На црвениот килим пред Домот на културата во Битола, поставен поради одржувањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, се појави ретка автомобилска ѕверка. Сребрениот јагуар е-тајп со француски регистарски таблички и чудовишниот 4,2-литарски мотор изгледаат како излезени од некој филм од 70-тите. Како и зошто овој легендарен лимен убавец се најде на килимот на филмскиот фестивал во Битола не знаеме, но појавата на една од најпрепознатливите автомобилски дизајни во близина на Широк сокак е одлична глетка!

http://www.mkd.mk/galerii/legendarniot-i-tajp-na-jaguar-na-crveniot-kilim-vo-bitola#8

Фото: Димитар Петковски