Легендарниот кинематографер Пјер Лом пристигна во Битола

0
210

Лауреатот на годинешното 38-мо издание на ИФФК. Браќа Манаки, великанот на француската кинематографија, Пјер Лом веќе два дена престојува во Македонија. Тој и неговата сопруга Рене веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром изразија желба да ја запознаат земјата и нејзината култура.

Тие ја посетија црквата „Свети Спас“ и таму ги видоа иконите од 15. и 16. век, како и иконостасот, потоа гостите од Франција се прошетаа низ Старата скопска чаршија, а на сопругата на Лом и’ се допадна накитот на македонските златари.

На патот кон Битола, генијалното снимателско око на Пјер Лом го забележа волшебно убавиот пејсаж. Тимот на фестивалот ги пречека гостите пред хотелот „Епинал“ во Битола каде им беа дадени подароци. Великанот на француската и светската кинематографија, Пјер Лом, рече дека е воодушевен од македонската културна традиција и од Македонија која ја слави работата на кинематограферите.

Пјер Лом е легенда на француската и европската кинематографија, она што е најзначајно и карактеристично во опусот на овој кинематографер е што тој соработувал со значајни и големи омиња на француската кинематографија, а тој со својата вештина да се адаптира на сечиј стил беше еднакво успешен и во соработките со неколкумина странци, како што е на пример, американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни филмови за неговото творештво. Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек-делата на француската кинематографија, вклучувајќи го и филмот ‘Сирано де Бержерак’. За многумина почитувачи на филмот ова е ремек-дело. Според многу критичари, а и според мене креацијата на Лом и неговата соработка со режисерот Рапно во ‘Сирано де Бержерак’ навистина заслужува Оскар, но Американската филмска академија ја доделува ова награда на американските филмови. Сепак, тој ја доби својата сатисфакција со наградата на Европската филмска академија за најдобар кинематографер, потоа освои и Цезар.

Без коментари