Лекарите на получасовен протест искажаа револт

0
363
Лекарите во дворот на Клиничкиот центар носејќи мети и транспаренти се собраа на протест, за да го искажат својот револт за инцидентот кога хирург беше застрелан на клиниката за дигестивна хирургија.
Тие бараат итно да се донесе закон за лекарска дејност со кој ќе биде заштитена оваа фела.

Лекарите изразија солидарност за својот колега, и побараа поголема соработка со здравствените власти.

Поконкретно од лекарската фела бараат да учествуваат во носење на законите за здравствена дејност и со тоа да ги подобрат своите позиции во општеството како и квалитетот на лекување на пациентите. Протестот е еднодневен, а од Синдикатот на Клинички центар најавуваат дека ќе продолжат да ги бараат своите права во форма на преговори со Министерството за здравство.

Без коментари

LEAVE A REPLY