Лекција од „азурите„ за арогантните Шпанци на кои им остана само Гасол

0
324

Шпанија – Италија 98:105 (20:19, 25:23, 18:31, 35:32)

Како и пред две години во Словенија, подмладената Италија ја совлада Шпанија, сега пак водена од Серџо Скарило со 98:105 и му зададе тежок удар, посебно заради преголемиот број примени поени. Мечот одлично го отвори Пау Гасол со 10 поени во првите 6-7 минути од мечот. Но „азурите„ носени од Галинари стигнаа до 20:19 на крајот од првиот период. „Црвената фурија„ не отиде подалеку од +4 се до средината на третиот период. Тогаш момците на Пјаниџани направија серија од 9:1 и поведоа со 47:52 со поените на Белинели и Барњани. Мечот наликуваше на личен дуел на Гасол и Белинели, по кој Шпанија имаше веќе загрижувачки 63:73 на крајот од третиот период. Италијаните со НБА звездите во тимот како мечот одминуваше така ја подигаа играта и завршија со преку 100 постигнати поени. Кај победниците, Галинари со 29 и Белинели со 27 поени беа „први виолини, а во тимот на Шпанија пак единствена светла точка беше Гасол со 34 поени.