Летни работилници на Арт и медиа за актерство, пеење, танц, филм

0
795

Арт и медија, студиото за деца таленти од областа на сценски и медиумски перформанси, кое едуцира, воспитува и насочува по Мултиталент програмата, ја имаше својата презентација во битолската библиотека, за летната школа.
Продукцијата во изминатите 11 години минуваше периоди на адаптација, трансформација, за да денес, во рамките со развојот и потребите на пазарот, ја почувствува потребата од формирање на забавно едукативен центар, кој ќе функционира како центар на креативност, ентузијазам и автентичен стил кој ќе поставува стандарди.

Оваа програма има за цел да обучи деца таленти, да стекнат основни знаења и вештини во рамките на сите пет области:глума, манекенство, пеење, танц и новинарство, кое ќе им овозможува ангажман и непречена работа на сите полиња на сцена и медиуми.

Работењето со деца таленти ќе се одвива по образовни методи, творечки и други работилници и ќе ги водат тим од инструктори меѓу кои- работилницата за актерство, Јулијана Стефанова, работилницата за музика Елизабета Груевска и работилницата за филм Никола Тргачевски.

Децата во АРТ&Медиа, ќе имаат единствена можност, да ги научат основните фази на изработка на еден филм ( филмот и неговата магична привлечност), како и практичниот дел на изработување на еден краток филм. Секое дете активно ќе учествува во креирањето на филм и ќе стекне основни познавања и сертификат од дипломирани филмски работници.

Центарот ќе биде во постојана комуникација со ТВ медиуми, радио станици, маркетинг агенции и продукции, ќе зема учество во разни сценски проекти, а годишно ќе започне и сопствени оригинални концепти.
Два пати годишно ќе се организира аудиција и исто така два пати годишно ќе организира завршни испитни претстави, на кои талентите ќе се здобијат со сертификати и дипломи.

Конкретните развојни и програмски задачи ќе бидат прилагодени за возраста и реалните детски можности.