Летни температури до петок

0
175

Продолжува влијанието на топлата сува воздушна маса кое носи и повисоки дневни температури некарактеристични за септември.

Денеска максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Куманово 30, Велес 29, Маврово 22, Тетово 29, Крушево 23, Претор и Охрид 27, Битола 28, Гевгелија 32, Дојран 31, Кавадарци 30, Радовиш 28, Виница 29, Прилеп 27, Дебар 29, Демир Капија 31, Сртрумица 29,  Крива Паланка 27, Свети Никола 20, Штип 30, Берово 25…

Утре дневните температури ќе бидат од 27 до 33 степени, в четврток од 28 до 34 и петок од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 6.

За време на викендот ќе имаме благ пад на дневните температури.