Левица обвини за партиски вработувања во Клиничка Болница-Битола

0
1505

Левицата со обвинување за незаконско и нетранспарентно вработување на млади лица во образованието, јавните установи и државните органи. Ги потенцираа вработувањата во Клиничката Болница во Битола, кои како што рекоа биле вработени спротивно на членот 22 и 23 од законот за работни односи, законот за волонтерство и законот за здравствена заштита

Доколку сме сите еднакви според чл. 32 од Уставот на Р. Македонија дека сите граѓани имаат право на работа и на секој граѓанин под еднакви услови му е достапно секое работно место, вработувањето на партиските војници останатите граѓани ги става во нееднаква положба – дискриминација. Раководството и директорот на Клиничка Болница – Битола треба да знаат дека постапуваат спротивно на чл. 22 и чл. 23 од законот за работни односи, законот за волонтерство и законот за здравствена заштита.Ваквата злоупотреба од страна на раководството и директорот на Клиничка болница – Битола нема да биде нити заборавена ниту пак простена од страна на нас, младите.Ја запознаваме јавноста со страмниот непотизам кога советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Др. Олга Лозановска, советник на општина Битола, го вработува и нејзиниот син, кој не е единствениот партиски вработен во Клиничката Болница, како доктор на Урологија. Раководството треба да знае дека со ова прави и кривично дело – повреда на рамноправноста на граѓаните – предвидено во Кривичниот Законик на Република Македонија и повреда од правата на работен однос, изјави Александра Славевска, Левица-Битола

Директорот на Клиничката Болница Битола д-р Василе Најдовски не информира дека Клиничка Болница Битола имала официјално доставено барање преку министерството за здравство до министерството за финансии за привремено вработување со договор на дело за 14 лица, меѓу кои имало доктори, сестри и болничари. Законска можност, вели Најдовски постои 1% од бројот на вработените да се вработат со договор на дела.

Без коментари

LEAVE A REPLY