ЛИДЕМ со предлог до младите на ВМРО ДПМНЕ

0
264

-Либерално-Демократската младина сака да и предложи на УМС на Вмро- Дпмне идниот пат кога ќе возат велосипеди да започнат од Полигонот за полагање на возачки испити и ископаниот паркинг, да влезат во спортската сала, да продолжат покрај уништената фонтана, запустениот Офицерски дом и искршените плочки по Широк Сокак.

Посетата на Киното Манаки , кое се гради веќе четири календарски години, подземниот плоштад и гаражите кај Домот на културата ( кои по првичните ветувања, требаше веќе да бидат готови) и ,,евтиниот“ паркинг треба да бидат неизбежен дел од нивната велосипедска тура.

Можат да свртат по едно кругче и околу новата автобуска станица,да се паркираат кај катната гаража, да гледаат фудбал на новиот стадион, да поминат кај новата современа градинка и новото средно училиште а сето ова да го направат по новите велосипедски патеки кои ги има низ целиот град.

Чистиот воздух кој ќе го дишат во меѓувреме ќе им биде гратис, како поклон од власта во која и самите учествуваат.

Крајот на турата треба да биде на Булеварот 1-ви Мај кај главниот и одговорен уредник за катастрофата во која живее Битола и него треба да му се предаде дипломата и признанието за пустошот во кој градот живее. Признанието особено да се додели за илјадниците млади кои заминаа надвор од земјата, за многуте кои загубија здравје и за младите кои нема каде да тренираат, изјави Целе Јолевски, претседател на ЛИДЕМ Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY