Лидерите на Г7 не постигнаа договор за климатските промени

0
433

Самитот на Г-7 ќе заврши во сабота со Соединетите Американски Држави како единствен член на групата која не го поддржува исклучително важниот меѓународен договор за климатските промени, се вели во текстот на завршната декларација поставена во градот на Џардини Наксос.

На неформалниот форум за глобалните климатски промени учествуваат членките на Г-7, САД, Канада, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија.

Доналд Трамп, кој минатата година беше избран за претседател на САД често досега беше во судир со другите земји-членки кога се работи за чекорите кои треба да се преземат во врска со климатските промени.

Во последната изјава на Г-7 стои дека само САД не биле обврзани со Париската конвенција за климатски промени. Според неименувани дипломати САД е земја на која и е дадено дополнително време за да донесе одлука по ова прашање.

Истиот извор вели дека брз претседателот на САД, во петокот, на првиот ден од самитот во Таормина, е извршен притисок по ова прашање.

„Ставот на сите присутни беше единствен. Исклучок е само ставот на Трамп.“ Тој се уште верува дека членките на Г-7 не треба да ја поддржат Париската конвенција за климатски промени.

Трамп во саботата напиша на Твитер дека конечната позиција за Париската конвенција ќе ја произнесе во текот на следната недела.