Лидерот на Каталонија се повлече, засега нема прогласување независност

0
300

Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, во обраќањето во каталонскиот Парламент, што се чекаше нестрпливо,  предложи одложување на прогласување на независноста за да се пружи шанса на дијалогот.

Пуџдемон имено побара на неколку недели да се суспендира прогласувањето на независноста за да почне дијалог  бидејќи во овој момент е потребно да се намали напнатоста. Претходно од Парламентот тој побарал мандат за прогласување на независност на Каталонија, за потоа да побара суспендирање на декларацијата за прогласување независност.

makfax.com.mk